МВР Билтен (ДПЛ)
- На 26.06.2024 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.А.(42) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - На 26.06.2024 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.А.(42) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 25.06.2024 околу 14.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје на територија на населба Ченто во Скопје го лишија од слобода А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ. Имено, на 25.06.2024, 20-годишна девојка во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал. На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода. Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.
На 25.06.2024 во 14 часот во СВР Охрид, Ј.С.(31) од Битола, пријавила дека на локален пат во близина на охридското село Љубаништа, била касната од куче скитник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(24) и А.М.(25), двајцата од Охрид, како и против А.П.(24) од охридското село Куратица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а А.П. го сторил и кривичното дело „спречување на докажување“. На 14.06.2024 во 21.55 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид во Охрид извршија преглед во помошен објект што го користел А.М. и притоа пронајдоа кокаин и марихуана, што претходно ги набавиле К.М. и А.П., наменети за натамошна препродажба. При прегледот, А.П. се обидел да уништи дел од пронајдените опаковки. Тројцата биле лишени од слобода, а судија на претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
На 25.06.2024 во 15.30 часот Б.Д.(81) од Кичево, во полициска станица пријави дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево, била касната од куче. Истиот ден, В.М.(60) од Кичево, пријави дека на локален пат во кичевското село Осломеј, била касната од куче скитник.
На 25.06.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, М.М.(18) и уште еден малолетник, двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, а едниот од напаѓачите испукал неколку истрели во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (26.06.2024) во 08.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода А.Г.(39) од Скопје по претходна пријава дека на 25.06.2024 околу 20.30 часот во домот со тврд предмет физички ја нападнал својата 76-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.06.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, И.С.(47) од с.Глумово, скопско пријавил дека околу 20.50 часот врз неговото патничко возило „киа“, кое било во дворот, паднало заталкано зрно од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.
На 25.06.2024 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП, на подрачјето на Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(51) од с.Раштак,скопско и Б.Н.(43) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.06.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, Љ.К.(58) од Скопје пријавил дека на 23.06.2024 околу 14.30 часот во двор од куќа во с.Бродец, скопско, дошол М.Љ. по што почнал да му упатува закани и се обидел со остар предмет да го нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (26.06.2024) во 03.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле Ф.К.(22) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.06.2024 во 11.25 часот во Полициската станица Карпош, Р.И.(64) од Скопје, во својство на управител на правно лице од Скопје, пријавила дека три машки лица од Непал на возраст од 26, 36 и 43-годишна возраст се оддалечиле од местото каде престојувале, а биле вработени во правното лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 25.06.2024 во 09.30 часот во Полициска станица Карпош од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(17), кој и претходно повеќе пати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 25.06.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(73) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба од залутано зрно било оштетено стакло на продажен објект. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Р.(35) и Д.Р.(40), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 09.06.2024, пред спортска обложувалница во Охрид, по претходна расправија со И.М., пријавените физички го нападнале, при што додека второпријавениот го држел И.М, првопријавениот со остар предмет му нанел убодни рани.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Т.(29) и И.Н.(45), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.02.2024, на паркинг простор на хотел во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на В.Ѓ. (28) од Струмица, при што пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од првопријавениот, а му бил доставен од второпријавениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А. (41) од Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. Пријавениот на 06.06.2024 не почитувајќи ја судската одлука – Решение на Основен суд Крива Паланка, со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од родово базирано и семејно насилство во времетраење од три месеци, отишол во семејната куќа на неговата сопруга која живеела со нејзините деца, по што најпрвин вербално ги нападнал децата, а потоа со тврд предмет искршил делови од покуќнината. дма/
Фото: МИА архива