Скопје, 6 мај 2024 (МИА) - Вчера во 16.20 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го привеле беровецот Ѓ.С., на возраст од 49 години, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 04.10 часот на Градскиот плоштад, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.И., на возраст од 33 години од овој град, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 14.35 часот во скопското село Долна Матка, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.И., на возраст од 46 години од скопско Шишево, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Рано изутринава во 01.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 19-годишниот скопјанец Д.А., затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Синоќа во 21.58 часот во СВР Куманово, И.С. од село Отља, липковско, пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат со остар предмет од едно лице, при што се здобил со повреди и бил пренесен во кумановскиот Ургентен центар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Партизанска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С., на возраст од 40 години од овој град и Г.Т., на 46-годишна возраст од село Брод, општина Новаци.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Вчера во 14.10 часот во Полициската станица Центар, И.А., на возраст од 41 година од Скопје, пријавил дека околу 13.30 часот во Градскиот трговски центар бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 20.30 часот во СВР Скопје, Ч.М.А., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата каде живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 21.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градски автобус на подрачјето на Карпош, скопјанецот Н.Ј., на возраст од 23 години, бил физички нападнат од Ј.И., на возраст од 58 години и 50 - годишната Л.И., двајцата исто така од овој град.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 10.40 часот во ОВР Прилеп, М.Т., на возраст од 20 години од овој град, пријавил дека околу 04.30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ бил физички нападнат од Д.С., М.П. и М.Н., кои употребиле и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа околу 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Марко Крале“ настанал пожар во куќа, сопственост на С.М., на возраст од 76 години од главниот град на државава.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита - Скопје, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Киро Ристовски - Дрнц“ и на улицата „Маршал Тито“ во градот, оштетени биле билборди и рекламни паноа од парламентарните избори од една политичка партија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска на 30 минути по полноќ, 42-годишната велешанка Н.Г. пријавила дека на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Утрово во девет часот во СВР Битола, 40-годишниот битолчанец А.П. пријавил дека на улицата „Буковски мост“ во овој град бил каснат од куче скитник. бд/
Фото: МИА архива