• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Денеска околу 14:10 часот на улицата „Ѓорче Петров“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР - Скопје го лишиле од слобода Р.Р., на возраст од 50 години од главниот град на државава.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд - Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.

Вчера во 14:10 часот во тетовско Церово, полициски службеници од СВР - Тетово го лишиле од слобода И.С., на 29 години од ова село.

Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово, дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име, каде поставил слики од малолетничката, што без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи, доколку сака да бидат избришани профилите. И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

ОВР - Струга поднесе кривична пријава против А.С., на 33-годишна возраст од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 9 септември во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга, тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник, кој го обезбедувал објектот.

Синоќа во 22:50 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, полициски службеници го привеле Д.А., на возраст од 52 години од Република Турција, затоа што при извршена проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија - Скопје за понатамошна постапка.     

Вчера во 12:30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б., 33-годишно лице и Е.П., на возраст од 35 години, двајцата од главниот град на државава.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18:30 часот во СВР - Скопје, било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходна расправија околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Ј.С., на возраст од 44 години и 35-годишната А.Н., двете скопјанки.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.   

Вчера во 12:30 часот во СВР - Скопје, Х.С., на возраст од 22 години од скопско Сингелиќ, пријавила дека на 30 септември во 6:30 часот во село Матка, во дворот на семејната куќа на нејзините родители, била физички нападната од едно лице, кое употребило и остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10:30 часот во СВР - Скопје, С.А., 40-годишен скопјанец, пријавил дека околу 9:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој бил со уште двајца малолетници и притоа му се заканил со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Вчера во 9:40 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во периодот од 00:45 до 7:45 часот на подрачјето на Драчево, бил опожарен угостителски објект, сопственост на И.И., 46-годишно лице од скопско Студеничани.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Вчера во 15 часот во СВР - Скопје, Д.М., 40-годишен скопјанец, пријавил дека на 30 септември околу 19:50 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба, со тврд предмет бил нападнат од Е.Н. и А.Н., кои претходно го оштетиле неговото патничко возило.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21:45 часот во СВР - Скопје, С.М., 68-годишен скопјанец, пријавил дека околу 20 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила, му одзело чанта каде имало лични документи и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23:15 часот во СВР - Скопје, Х.К., 57-годишна скопјанка, пријавила дека околу 22:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Рано изутрина во 1:55 часот во СВР - Скопје, пријавено било дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улицата „Серава“ во градот.

На лице место биле упатени екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита и полициски службеници од СВР - Скопје. Поради вдишување на чад, во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување помош, се јавиле повеќе лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник. Во 6:30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден од нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 13:50 часот во Полициската станица - Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М., 17-годишник од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 13:50 часот во Полициската станица - Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека нивниот штитеник К.П., 17-годишник од Скопје, кој на 30 септември беше пријавен дека се оддалечил од установата, се вратил.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ., 43-годишно лице од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 3 јули, пријавениот во деловен објект на подрачјето на општина Аеродром, со физичка сила и закана со остар предмет, од вработената одзел 40.000 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Н., 29-годишно лице од село Градец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“ во врска со семејно насилство.

На 27 јули во неговата куќа во гостиварско, пријавениот физички ја нападнал неговата 25 - годишна партнерка и ѝ ги одзел мобилниот телефон и патната исправа и ја врзал.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.Ѓ. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и С.Ѓ. , исто скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 3 мај, првопријавениот со ловечка пушка се заканил на присутните во продажен објект во Чашка. Откако бил лишен од слобода, изјавил дека пушката му припаѓа на неговиот татко, второпријавениот, за кој по извршени проверки било утврдено дека не поседувал дозвола за оружје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гостивар поднесе кривична пријава против А.Б., 55-годишник од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 3 септември во село Форино, гостиварско, пријавениот физички го нападнал 74-годишниот С.Н. во неговата куќа.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гостивар поднесе кривична пријава против Д.А., 22-годишник од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 5 септември во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал А.Б., на возраст од 20 години, а се обидел да го нападне и со остар предмет.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Дебар поднесе кривична пријава против Е.С., 22-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекрузори“.

На 16 август, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дробилка.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Ј.К., 47-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 8 септември, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени печурки од дехидратор, израснати печурки и печурки во фаза на раст кои претставуваат псилоцибин и шест кутии кои претставуваат супстрат за нивниот раст.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против И.Г., 32-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 17 јануари на улицата „Македонска косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило, во кое пријавениот бил сопатник и при преглед, кај него бил пронајден и одземен хероин.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против С.З., 38-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 20 октомври 2023 во село Ласкарци, скопско, бил извршен претрес во импровизиран објект, што го користел пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „blow“ со калибар 8 мм, две рамки од пушка со калибар 7,62мм, 16 куршуми со различен калибар...

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј., 36-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 30 мај на улицата „Фуштанска“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко возило „рено“, управувано од пријавениот, кој го запрел возилото и се обидел да побегне. Но, набргу бил фатен и при преглед кај него, бил пронајден и одземен револвер „amadeo rossi“ со калибар 38мм со пет куршуми ист калибар, кој пријавениот неовластено го поседувал.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.С., 23-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 1 септември, пријавениот во Полициската станица - Гостивар, лажно пријавил дека истиот ден пред Општината, М.Х., на возраст од 33 години, поради недоразбирање во врска со првенство на минување, наводно излегол од возилото и извадил нож, а потоа заминал. Од извршениот увид во безбедносните камери, било утврдено дека М.Х. не го сторил делото.    

СВР - Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц., 34-годишно лице од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 20 септември, пријавениот агресивно се однесувал и турнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

СВР - Штип поднесе кривична пријава против Н.Ј., на возраст од 39 години од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 23 јули, затворски полицаец при влез во Казнено-поправниот дом - Штип, извршил преглед над пријавениот- осудено лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, наменета за продажба во домот.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против А.З., 37-годишно лице од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 24 јуни, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во просториите на правното лице од село Корешница, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р., 48-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 10 септември, женско лице пријавило дека на социјалните мрежи од пријавениот, добивало заканувачки пораки по неговиот и животот на неговото семејство. 

Тетовскиот сектор за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Ќ.И., 57-годишник од тетовско, вработен во ЈП „Национални шуми“ во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 1 јули, пријавениот издал одобрение за сеча од 1 јули, спротивно на упатството од ЈП „Националнии шуми“ и покрај тоа што во имотниот лист имало решение од Основен суд - Тетово за забрана за отуѓување, оптоварување и располагање со недвижен имот, а воедно се потпишал и на местото на директорот, со што предизвикал материјална штета.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Б.И., 31-годишно лице од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 17 јули во спортска обложувалница, каде пријавениот бил вработен, играл на апарати, при што потрошил 50.000 денари од прометот. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан