• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 27 мај 2022 (МИА) - Во тетовско Желино, вчера околу 13:10 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 25-годишниот А.А. од тетовско Ларце за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 23 часот го лишиле од слобода Д.Ш. (40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера околу 21:35 часот во близина на клучката за тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот Н.М. од тетовски Пирок. При негов и преглед на возилото „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал како совозач, а кое го управувал И.А.(26) од истото село, му била пронајдена марихуана. Н.М. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.  Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода Ѓ.З.(31) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Исто така, тој бил баран поради бегство од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар. Ѓ.З. ќе биде спроведен во установата и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера во 11:20 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(37) од село Чифлик, скопско, затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција во „Стоп листа“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка за издржување казна затвор. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка. На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 6 надвор од  населено место и 7 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.  Санкционирани биле и 43 други видови на прекршоци, од кои 17 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за недавање првенство на минување на пешаци, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 5 за непрописно паркирање.  Во текот на изминатата недела СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 30 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол,  12 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило и 17 за возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин.Вчера околу 21:35 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионален пат во село Враништа, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(18) од Струга, удрило во Н.П.(54) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што подоцна починал. Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.Министерството за внатрешни работи вчера (26.05.2022) во периодот од 10 до 14 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 78 возачи, од кои 31 на територија на СВР Тетово, 10 на територија на СВР Велес... Вчера во 13:28 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „168“ во село Мала Речица, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди а3“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(61) од село Мала Речица и електричен тротинет управуван од Ш.Б.(73) од с.Мала Речица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ш.Б., констатирани  во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.Во СВР Тетово вчера во 18:50 часот било пријавено дека на регионален пат Тетово – село Пирок, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А. (49) од село Жеровјане, тетовско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(44) од село Ласкарци, скопско и патничко моторно возило „сузуки свифт“ со косовски национални ознаки, управувано од М.З.(37) од село Ласкарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.П., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје, како и сопатничка во патничкото моторно возило „сузики свифт“, С.М. (31) од Швајцарија, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди во несреќата се здобиле возачот на возилото „сузуки свифт“ и сопатничката Л.Ш.П. (29) од Швајцарија, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.Во Полициската станица Петровец, вчера ви 12 часот, Т.Д.(70) од Скопје пријавил дека во село Катланово бил каснат од куче скитник.Вчера околу 18:30 часот во Полициската станица Чаир, М.Н.(42) од Скопје пријавила дека на улица „Призренска“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.Во СВР Скопје вчера во 09:30 часот било пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.А. (28) од Скопје и велосипед „каприоло“, управуван од В.М. (64) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.Вчера околу 08:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар „Крушевска Република“ со булевар „Кочо Рацин“, товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Скопје, удрило во Е.М.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. ар/

Остани поврзан