• сабота, 06 декември 2025

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)
Скопје, 24 јули 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 22:45 часот на плажа во Охрид го лишиле од слобода К.М.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 23:40 часот на плажа во Охрид го лишиле од слобода О.И.(24) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера во 23:40 часот на плажа во Струга го лишиле од слобода Т.Т.(25) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп. При контролите, од слобода биле лишени Ј.Г.(25) и В.Ј.(41), двајцата од Прилеп, затоа што кај Ј.Г. била пронајдена марихуана, а В.Ј. неовластено ги снимал полициските службеници. За случаите бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. За време на контролите во угостителски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи било утврдено дека вработени во еден објект немаат потребна документација, не биле издавани фискални сметки, не бил пријавен промет и немало документација за локалот. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани. СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(40) од село Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.06.2022 во село Лешок, тетовско, при контрола на патничко возило констатирано е дека пријавениот врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца. СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.С.(54) и Б.М.(37), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.05.2022 во Струмица, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“, управувано од второпријавениот, при што биле пронајдени 55 кутии „тромадол“. По преземени мерки било утврдено дека второпријавениот предметите ги набавил од аптека во Валандово, во која како фармацевт работела првопријавената и му ги дала без соодветна документација и без лекарски рецепт. Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 333 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 219 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место. Во текот на изминатата вечер во периодот од 21:00 до 4:00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 34 возачи, од кои 12 возеле без возачка дозвола, 10 возеле под дејство на алкохол, исклучени се 27 возачи од сообраќај... Во СВР Куманово вчера во 11:05 часот било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(23) од Куманово и мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Н.К.(29) од Охрид, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентниот центар во Куманово.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. Во СВР Штип вчера во 15:40 часот било пријавено дека на улицата „Радански пат“ во Штип, мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, удрил во врата од ограда на куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. М.А.(36) од Скопје вчера во 13:25 часот во СВР Скопје пријавил дека на паркинг на улицата „Цветан Димов“ од залутано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во Полициското одделение Групчин вчера во 20:24 часот било пријавено дека во село Желино, од залутано зрно од огнено оружје било оштетено патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Б.Б.(45) од село Сараќино, тетовско. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. С.С.(70) од Тетово вчера во 16:30 часот во СВР Тетово пријавил дека на тераса од неговата куќа пронашол зрно од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во Полициската станица Берово вчера во 19:45 часот било пријавено дека во Итна медицинска помош со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(27) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека тој се здобил со повредите околу 19:00 часот додека работел со неговиот татко во село Владимирово, беровско, при што врз него паднала тракторска приколка натоварена со дрва и му ги притиснала нозете. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Берово. Вчера во 15:09 часот телефонски во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Крушево, во близина на Прилеп, патничко возило „мерцедес“ во неколку наврати ја загрозило безбедноста на едно лице во сообраќајот. Според пријавеното, возилото во повеќе наврати го претекнувало и го насочувало возилото на пријавителот. ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот. Во СВР Куманово вчера околу 16:40 часот било пријавено дека во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, настанал пожар во кој горела сува трева и еден помошен објект. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и месното население. Повредени лица нема. Во СВР Скопје вчера во 14:30 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, Б.А.(24) од село Кондово, скопско, физички нападнал 58-годишна жена од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. З.Г.(46) од Скопје вчера во 9:44 часот во СВР Скопје пријавил дека во село Долна Матка, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.М.. Се работи на расчистување на случајот. Д.И.(51) од село Василево, струмичко, вчера во 21:45 часот во СВР Струмица пријавил дека околу 21:00 часот во Василево бил физички нападнат од О.Н. и Т.Н.. Се работи на расчистување на случајот. Т.Н.(62) од село Водоча, струмичко, вчера во 16:50 часот во СВР Струмица пријавила дека околу 14:00 часот на работното место во продажен објект во село Водоча, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Џ.Н. од село Баница. Се работи на расчистување на случајот. Х.Р.(24) од Радовиш вчера во 15:30 часот во ОВР Прилеп пријавил дека во село Канатларци, прилепско, бил нападнат со тврд предмет од С.Р. од Канатларци, по што синот на С.Р. му заканил со остар предмет. Се работи на расчистување на случајот. Четириесет годишна жена од Тетово вчера во 23:00 часот во СВР Тетово пријавила дека во Тетово, по вербална расправија околу недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од Г.Н.(31) од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. И.А.(58) од село Чегране синоќа во 1:20 часот во Полициската станица Гостивар, пријавил дека вечерта околу 22:00 часот во Чегране, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од Џ.И. од Чегране. Се работи на расчистување на случајот. Во Полициската станица Гостивар вчера во 15:30 часот било пријавено дека на наплатна станица Гостивар настанал пожар во патничко возило „пежо 307“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(27) од Република Турција, кое го изнајмил од рент- а –кар во Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Гостивар и вработените од наплатната станица, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар. Вработена во амбасада на странска земја вчера во 9:45 часот во СВР Скопје пријавила дека ноќта помеѓу петокот и саботата во периодот од 23:00 до 9:20 часот од паркирано возило „форд фокус“ пред амбасадата на улицата „Франклин Рузвелт“ биле одземени дипломатските регистарски таблици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/

Остани поврзан