• четврток, 26 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)
Скопје, 1 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 11:20 часот на улица „Перо Наков“ во Скопје го лишиле од слобода Џ.Џ.(21) од Штип. Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување казна затвор од две години и два месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 383 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната. ОВР Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против А.Ј.(27) од село Сарандиново, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.07.2022 околу 2:00 часот, во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед во возило „мазда 6“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле 37 таблети екстази и ќесе со кокаин. Од Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Во периодот од 25.07.2022 до 31.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што се санкционирани 310 возачи. Од нив, 204 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 57 возеле без возачка дозвола, 25 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. На подрачјето на Крива Паланка вчера беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 37 возачи, од кои кај еден возач  во населено место каде максимална дозволена брзина е 50, утврдена е брзина на движење со 129 километри на час. На автопатот Гевгелија-Скопје, кај клучка Миравци, вчера во 21:45 часот патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки не застанало на знак за запирање даден од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“. Набргу, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 12 лица мигранти кои биле спроведени и сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На подрачјето на СВР Охрид вчера и завчера во различни временски периоди преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 67 возачи на моторни возила кои во и надвор од населени места ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-08, Струга-29, Кичево-09, Дебар-21). Истовремено, од сообраќај се исклучени 05 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-01,    Кичево-03, Дебар-01). Утринава во 3:00 часот во СВР Охрид лишен од слобода е Д.С.(38) од Охрид. Тој, претходно на улицата „Петрино“ во Охрид физички ги нападнал К.Д.(22) и С.Р.(19) од Охрид, по што физички нападнал и полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во Неготино го лишиле од слобода О.Р.(45) од неготинско село затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(27) од скопско Шуто Оризари поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 17.06.2022 во Струга физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, по што се обидел да ја повреди со остар предмет. С.М.(35) од Скопје синоќа во 0:30 часот во Полициска станица Гази Баба, пријавил дека вчеравечер околу 20:10 часот на подрачје на Гази Баба, по претходен физички напад од двајца малолетници врз неговиот малолетен син и при негов обид да ги раздвои, тој и неговата сопруга Р.М. биле физички нападнати од Е.М., А.Л., А.Л., Б.А. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во СВР Скопје вчера во 10:45 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со улицата „9 Мај“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, сопственост на општина Карпош, а управуван од Б.К. од Скопје и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(36) од Скопје. По незгодата, Б.К. и Ј.Ѓ. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 4:00 часот го лишиле од слобода Ж.В. од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вработена во странско дипломатско претставништво во Битола вчера околу 16:00 часот во СВР Битола пријавила дека од објектот на претставништвото на улицата „Широк Сокак“ во Битола било одземено државното знаме на странската земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/

Остани поврзан