• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска во 08:50 часот, го лишиле од слобода А.А.(22)  од село Глумово, скопско. Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Лицето ќе биде спроведено во установата за издржување на казната. На 22.06.2022 околу 13:15 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Д.(24) од тетовска Мала Речица и Р.М.(46) од Тетово. Претходно, тие биле пријавени од вработен во угостителски објект дека претходната ноќ лажно претставувајќи му се во име на друго лице, управувајќи такси возила, во неколку наврати го измамиле, а тој им исплатил 18 илјади денари. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 247 од Крвичниот законик.На 21.06.2022 во 20:20 часот на патот Скопје – с.Танушевци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци извршиле преглед на товарно возило „мерцедес’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В. од с.Танушевци, а совозач бил Н.Р. од с.Визбегово. Притоа, во возилото биле пронајдени повеќе грла добиток кои ги превезувале без потребната документација. По консултација со Јавен обвинител случајот бил преземен од Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Возилото и добитокот биле одземени и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 179 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 119 други видови прекршоци.Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, а девет за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест прекршоци за возач почетник, девет мерки за недавање предност на пешаци...На 23.06.2022 во 02.50 часот на крстосницата од ул.„Орце Николов“ со ул.„Коле Неделковски“ на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле М.А.(15) од Струмица – штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми во н.Хром за кој на 15.06.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров беше пријавено дека се оддалечил од установата.На 22.06.2022 во 22:11 часот во СВР Скопје, Н.С. пријавил дека во угостителски објект во с.Морани, скопско, М.Н. се заканувал на неговиот татко С.С.(57) од с.Морани и се обидел да го нападне со пиштол, но бил спречен од присутните. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 22.06.2022 во 16:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на такси станица на подрачје на Ѓорче Петров, Љ.С.(38) од Скопје бил физички нападнат од Б.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 21.06.2022 во 22:30 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(41) од Струмица пријавила дека околу 19:20 часот во село Старо Балдовци, струмичко, по претходна физичка пресметка на нејзината малолетна ќерка со друга малолетничка, нејзината ќерка била физички нападната од таткото на другата малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.06.2023 во 01:40 часот во Полициската станица Радовиш, М.Љ.(37) од Радовиш пријавил дека околу 00:40 часот во казино во Радовиш бил физички нападнат од Г.И. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.07.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Ј.В. од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“. На 21.06.2022 на ул„Јосиф Јосифовски“ во Јосифово, пријавениот, управувајќи товарно моторно возило со полуприколка извршил оштетување на електрични кабли, кабел за интернет врски, при што оштетил и оџак и предизвикал материјална штета.На 22.06.2022 во 03:45 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(36) од Скопје пријавил дека околу 03:15 часот пред неговиот двор на подрачје на Гази Баба настанал пожар на неговото возило „ауди“. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.На 23.06.2022 во 10:00 часот во Полициската станица Центар, Н.С.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ била касната од куче скитник. дма/

Остани поврзан