• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Полицијата од Граничниот премин Табановце и полицијата од Граничен премин Долно Блаце на 18 и 19 јуни извршиле контрола на пет автобуси, три патнички возила и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници. На Граничен премин Табановце, при контрола на автобус управуван од В.Л. од Струмица, на автобус управуван од А.М. од Кочани, на автобус управуван од Р.К. од Струмица, сите три со струмички регистарски ознаки, на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.А. од село Шемшево, на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Р. од Скопје, и на три патнички возила со струмички регистарски ознаки: „Мерцедес“ управуван од В.Н., „Фиат дукато“, управуван од К.С., двајцата од струмичко и „Мерцедес“ управувано од К.А. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, на Граничен премин Долно Блаце, при контрола на возило комби со албански национални ознаки, управувано од А.Е. од Република Албанија, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(37) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој, на 5 мај оваа година, на приватен имот кај „Св. Еразмо“ физички го нападнал С.М. од Охрид, а потоа со остар предмет му се заканил. Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 09:30 часот на улица „Бранко Заревски“ во Скопје го лишиле од слобода З.П.(48) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.П.(33) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на огнено оружје“. Тој, неовластено извршил бришење односно оштетување на сериски број на пневматска пушка марка „HATSAN“ и на 6 април 2022 година ја доставил кај референтот за оружје во ОВР Кичево за регистрација.Во Полициската станица Кисела Вода, вчеравечер околу 23:50 часот, С.С.(23) од Скопје пријавил дека во близина на парк на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија околу должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од М.Ј.(32) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок.На 26.06.2022 во 22:30 часот во Полициската станица Аеродром, 42 - годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Аеродром нејзината малолетна внука, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот очув М.Г.(38) од Скопје, на кого му била доверена на чување од мајката на малолетничката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 27.06.2022 во 00:53 часот во Полициската станица Центар, Р.П.(72) од Скопје пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 25.06.2022 до 23.55 часот на 26.06.2022 во негова книжарница на улица „Ѓуро Стругар“ во Скопје било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени шест уметнички слики. Исто така, денеска во 12:00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во истата книжарница денеска повторно било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени уште 10 уметнички слики. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава  против В.П.(33) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 25 март оваа година во Делчево, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С.(59) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 7 јуни оваа година на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, при извршена контрола на возило, полициски службеници констатирале дека пријавениот работи како такси превозник без да поседува соодветна лиценца. ки/цр

Остани поврзан