• вторник, 24 декември 2024

Мбапе ќе добие 40 милиони евра доколку остане во ПСЖ до крајот на јули

Мбапе ќе добие 40 милиони евра доколку остане во ПСЖ до крајот на јули

Париз, 6 јули 2023 (МИА) - Килијан Мбапе наскоро би можел да добие од ПСЖ огромен бонус за лојалност кон клубот.

 

Според „RMC Sport3, францускиот клуб ќе треба да му плати на играчот дел од бонусот за лојалност доколку тој е играч на ПСЖ на крајот на јули.

 

Висината на првиот дел од бонусот за лојалност, пропишан во договорот на Мбапе со Пари Сен-Жермен изнесува 40 милиони евра. До крајот на јули треба да ги добие овие пари доколку дотогаш е париски играч.

 

Во ПСЖ бе се многу среќни поради ова. Веројатно со исплатата на овој бонус е поврзана изјавата на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи за иднината на Мбапе. Вчера тој рече дека Килијан „треба да донесе одлука најмалку две недели однапред“. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан