• сабота, 23 ноември 2024

Мбапе позитивен на коронавирус

Мбапе позитивен на коронавирус
Париз, 7 септември 2020 (МИА) - Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е позитивен на коронавирусот и сигурно ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации во вторник против Хрватска, објави Француската фудбалска федеравија (ФФФ) Една од најголемите француски sвезди беше единствениот стрелец во победата на Франција над Шведска (0-1) во саботата. Мбапе е седмиот играч на ПСЖ заразен со коронавирус, а тренираше со репрезентацијата во понеделникот. - Тој беше изолиран од сите други откако ги доби резултатите на крајот од тренингот и се врати дома вечерта. Како и остатокот од делегацијата, и Килијан Мбапе беше негативен на последниот тест во средата, на барање на УЕФА, пред натпреварот помеѓу Шведска и Франција, се вели во соопштението на ФФФ.

Тагови

Остани поврзан