• среда, 25 декември 2024

Мбапе поддржа осумгодишно девојче кое беше малтретирано на Твитер затоа што побара од играчот да остане во ПСЖ

Мбапе поддржа осумгодишно девојче кое беше малтретирано на Твитер затоа што побара од играчот да остане во ПСЖ
Париз, 10 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе му изрази поддршка на девојчето кое беше малтретирано на социјалните мрежи. Станува збор за 8-годишната Камила, на која и е дијагностициран ВАКТЕРЛ синдром. Таа сними видеопорака во која му ја честита Новата година на играчот и го замолува да остане во ПСЖ. Објавата на Твитер доби многу навредливи пораки како одговор. - Јас ти посакувам среќна Нова година, моја мала Камила. Продолжи да се бориш, на сите ни држиш лекција за животот. Што се однесува до навредливите коментари за детето ... Навистина го допираме дното. Треба да се ставиме во ред, напиша Мбапе. За Французинот заинтересирани се неколку европски екипи, најмногу Реал Мадрид. зс/

Остани поврзан