• сабота, 23 ноември 2024

Мбапе во јануари заминува од ПСЖ

Мбапе во јануари заминува од ПСЖ

Мадрид, 11 октомври 2022 (МИА) – Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе најави дека ќе ги напушти редовите на актуелниот француски првак на почетокот ма идната година, објави денеска шпанскиот спортски весник „Марка“.

„Врската меѓу Мбапе и ПСЖ е целосно прекината. Мбапе побара веќе во јануари да замине од Париз“, тврди „Марка‘.

Дел од шпанските и француските медиуми наведуваат дека ПСЖ му дозволил да замине на Мбапе, но, под услов неговиот нов клуб да не биде Реал Мадрид.

Според „Марка“, најреална опција е францускиот репрезентативец да ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Мбапе неодамна потпиша нов договор со ПСЖ вреден 110 милиони долари годишно со што стана најплатен фудбалер во светот.

Меѓутоа, медиумите наведуваат дека внатре во ПСЖ постои анимозитет меѓу Мбапе и Бразилецот Нејмар и оти станува збор за нерешлив проблем.ег/

Остани поврзан