• вторник, 24 декември 2024

Мајк Тајсон ќе се врати во рингот во септември

Мајк Тајсон ќе се врати во рингот во септември
Њујорк, 10 јуни 2021 (МИА) - Тренерот на Мајк Тајсон, Рафаел Кордеиро зборуваше за времето на можно враќање на боксерот во рингот. - Продолжуваме со тренинзи. Тој е спортист и секогаш вежба, работи на нозе во фитнес центар. Мислам дека ќе имаме нешто во септември. Не знам кои ќе бидат ривали, бидејќи неговата компанија „Legends Only League“ работи на тоа. Таа преговара за договор со ТВ - само тие можат да го објават распоредот, а ние тренираме. Ќе се бориме во септември, рече Кордеиро. Да потсетиме, во ноември 2020 година, Тајсон имаше дуел со Рој Џонс јуниор. зс/

Остани поврзан