Мајк Тајсон откри зошто се движел во инвалидска количка
- Поранешниот неприкосновен боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон (50-6) неодамна беше забележан во инвалидска количка на аеродромот во Мајами.

Њујорк, 29 август 2022 (МИА) - Поранешниот неприкосновен боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон (50-6) неодамна беше забележан во инвалидска количка на аеродромот во Мајами.
Претходно Тајсон одеше со бастун во раката. Според Тајсон, тој се бори со ишијас - болки во лумбосакралниот регион.
- Кога ишијасот се влошува, не можам ни да зборувам. Фала му на Бога, ова е мојот единствен здравствен проблем, изјави Тајсон за „Sportkeeda“.
Најчесто спортистите ја доживуваат оваа болка поради напнатоста на мускулите за време на вежбањето. Многу борци признаа дека страдаат од ишијас. зс/