• среда, 25 декември 2024

Мајк Тајсон користи допинг?

Мајк Тајсон користи допинг?
Лас Вегас, 17 мај 2020 (МИА) - Неодамна легендата на боксот Мајк Тајсон објави дека се „враќа во игра“ на 53-годишна возраст. „Железниот Мајк“ започна со објавување видеа од неговите тренинзи, во кои изгледа во многу добра форма и потсети на неговото славно минато. Неколку дена подоцна, уште една легенда, Евандер Холифилд исто така објави дека се враќа на рингот. Тајсон сака да учествува во битки по 3-4 рунди за добротворни битки. За само неколку месеци, Мајк се најде во одлична физичка форма, што воодушеви многумина. Долгогодишниот коментатор и аналитичар Џо Роган вели дека треба да го тестираат Тајсон за забранети материи, затоа што во спротивно ќе видиме брутални работи од него. - Работите ќе бидат многу различни ако не го тестирате за хормони. Ако тој зема тестостерон, хормон за раст, хормон за тироидната жлезда и сите работи, што луѓето ги прават кога земаат терапија за замена на хормони, тогаш вашето тело функционира многу подобро во позрела возраст. Ако Тајсон и Холифилд и сите други момци не се тестираат, можеме да видиме некои луди работи. Не знам, можеби тој не е на забранети материи. Можеби тој е само специјален спортист, изјави Роган во својот подкаст.

Остани поврзан