• сабота, 23 ноември 2024

Мајкл Фокс падна на сцената за време на дебата, Перкинсоновата болест зема замав

Мајкл Фокс падна на сцената за време на дебата, Перкинсоновата болест зема замав

Филаделфија, 6 јуни 2023 (МИА) – Мајкл Џ. Фокс падна на сцената во текот на панел од дебатата „Враќање во иднината“, што викендов се одржа во Филаделфија, пренесува „Дејли мејл“.

Пензионираниот 61-годишен актер, кому во 1991 година му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, ја загуби рамнотежата додека се качуваше на сцената.

За среќа, ударот го ублажил каучот на кој паднал, а актерот не се повредил и по падот брзо продолжил со панелот.

Во таа прилика му се придружија и неговите колеги од „Враќање во иднината“ Кристофер Лојд (84) и Том Вилсон (64).

Медиумите го објавија неговиот пад нешто повеќе од еден месец откако тој јавно изјави дека неговата 30-годишна битка со Паркинсоновата болест се влошува.

Фокс, кој го играше култниот Марти МекФлај во сите три филмови „Враќање во иднината“, дојде на панелот облечен лежерно: во црни фармерки и тексас јакна преку бела маица.

Во април, Фокс искрено зборуваше за неговата борба со Паркинсоновата болест, велејќи дека станува се потешко и потешко.

„Секој ден е се потешко... Така е“, додал познатиот актер. сд/

Остани поврзан