• вторник, 24 декември 2024

Мајка во Шведска 30 години го држела синот во заробеништво

Мајка во Шведска 30 години го држела синот во заробеништво
Стокхолм, 1 декември 2020 (МИА) - Полицијата во Стокхолм соопшти дека го истражува случајот на мајка која 28 години го чувала синот заклучен во станот. Обвинителката Ема Олсон изјави дека е покрената истрага против жена на околу 70 години, кој се сомничи дека незаконски му ја одзела слободата и му нанела тешки телесни повреди. Синот бил неодамна откриен од роднина, кој ја известил шведската полиција. Жената негирала дека направила нешто лошо, а 41-годишниот син е хоспитализиран поради повредите. Роднината која го открила случајот истакна дека мажот бил валкан, без заби, со рани на нозете, а говорот му бил нејасен. Според шведските медиуми синот бил затворен во станот кога имал 13 години односно пред 28 години. ми/

Остани поврзан