• недела, 24 ноември 2024

Маја Андоновска Илијевски: НУ Центар за култура со голема културна и инвестициска програма

Маја Андоновска Илијевски: НУ Центар за култура со голема културна и инвестициска програма

Битола, 23 февруари 2023 (МИА) - Со над пет милиони денари издвоени од Министерството за култура годинава ќе реализираме голема културна, но и инвестициска програма, истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.

Во изјава за медиумите, Андоновска Илијевски нагласи дека ресорното министерство им дало добра основа со која можат да работат на креирање сериозна културна понуда за публиката.

-За Фестивал на монорама кој годинава ќе се одржи од 12 до 20 мај одобрени се 500.000 илјади денари, за 9. Детска работилница добивме 70.000 денари, за 48. Државана иложба обезбедени се 50.000 денари, а со веќе обезбедени средства ќе изработиме Монографски каталог по повод 40 години творештво на Дрган Најденовски и ретроспективна изложба, потоа изложба на Стефан Малбашиќ, на Мочи и фотографот Нашоку...За објавување на конкурс на македонски монодрами доделени ни се 55000 денари и сакам да го обновам она што во минатото се случувало и да ги поттикниме македонските автори да создаваат монодрами како жанр. Со овие пари ќе го распишеме конкурсот, а следната година се надевам дека ќе зборуваме и за печатено издание на најдобрите монодрами кои ќе пристигнат, истакна Андоновска-Илијевски.

НУ Центар за култура-Битола богатата програма ќе ја почне викендов со два концерта насловени како „Засекогаш во срцата“, а посветени на Тоше Проески и Пепи Бафторовски, а следниот викенд на големата сцена ќе настапи познатиот српски актер Иван Босиљчиќ.

-Програмата на Центарот за култура не е примамлива само за битолската публика, туку имаме гости и од цела држава. Мојот фокус на културната понуда се однесува на тоа да дадема простор што повеќе на македонските уметници, а особено на битолските и затоа поголемиот број изведувачи кои ќе настапат на концертот „Засекогаш во срцата“ се битолчани, а некои и млади имиња се ученици во Средното музичко училиште каде што започнал и Тоше Проески, нагласи Андоновска-Илијевски на прес конференција во Битола. мт/дма/

Фото: НУ Центар за култура-Битола

Остани поврзан