• среда, 27 ноември 2024

Машко првото бебе годинава во Крива Паланка, градоначалникот му додели подароци од општината

Машко првото бебе годинава во Крива Паланка, градоначалникот му додели подароци од општината

Крива Паланка, 6 јануари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка и претседателката на Советот, Изабела Павловска, денес го посетија првото бебе родено годинава и доставија симболични подароци од општината.

За секое новороденче од Крива Паланка, од оваа година се зголемува и сумата за еднократна парична поддршка, од 3.000 на 5.000 денари.

-На овој убав ден го посетивме првото бебе родено во Крива Паланка годинава, Матеј, втора рожба во семејството Славевски. Со пригодни подароци им честитавме на среќните родители, Драган и Елена, посакавме здравје, среќа и долговечност на дечињата, а за целото семејство изобилство убавини, рече градоначалникот Митовски.

Матеј Славевски се роди на трети јануари, како второ дете во семејството што го има две години постариот син, Зафир.

Општина Крива Паланка од 2023 воведе повеќе мерки за поддршка на различни категории лица, меѓу кои еднократна парична помош за секое новороденче од општината, субвенции за набавка на количка за новороденче и повеќе мерки за млади и социјално ранливи категории.

Инаку, во Крива Паланка речиси една деценија не работи породилиштето во здравствениот дом, така што сите новороденчиња се раѓаат во најблискиот град, во општа болница Куманово, како и на скопската гинеколошко -акушерска клиника или во приватните здравствени установи во Скопје. ид/аа/

Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан