Машко е првото новороденче во Струшката болница
- - Првото новороденче на Гинеколошкото одделение во струшката Општа болница е машко, во добра здравствена состојба. Тешко е 2.880 грама и долго 49 сантиметри, изјави Арслани.

Струга, 1 јануари 2024 (МИА) - Машко е првото новороденче во Општата болница во Струга, потврди за МИА директорот Арменд Арслани.
Бебето, спред него, е родено денеска во 11 часот и 40 минути.
- Првото новороденче на Гинеколошкото одделение во струшката Општа болница е машко, во добра здравствена состојба. Тешко е 2.880 грама и долго 49 сантиметри, изјави Арслани.
Бебето и мајката Зекир Елма, која е третородка од селото Брештани, Центар Жупа , додаде, се во добра здравствена состојба. сс/мч/
Фото: Фејсбук Арменд Арслани