• среда, 27 ноември 2024

Мачорот Лери 14 години „служи“ на „Даунинг стрит“, бр. 10 во мандатот на пет премиери

Мачорот Лери 14 години „служи“ на „Даунинг стрит“, бр. 10 во мандатот на пет премиери

Лондон, 2 јyли 2024 (МИА) - Изминатите 14 години на политички превирања во Велика Британија, во Кабинетот на премиерот на „Даунинг стрит“, бр. 10 имаше една „фигура на стабилност“ - мачорот Лери. Миленичето на пет премиери би можел да го дочека и својот шести официјален сопственик, бидејќи општите избори во Обединетото Кралство се одржуваат на 4 јули.

Лери досега беше милениче на пет премиери од Конзервативната партија, а доколку анкетите се покажат точни, мачето наскоро би можело да го пречека и првиот шеф на Британската влада од Лабуристичката партија.

Со заминувањето на сегашниот премиер Риши Сунак, од Кабинетот би заминало и неговото куче, лабрадорот-ретривер Нова, што на Лери тоа „веројатно не би му пречело“, според луѓето околу „Даунинг стрит“, бр. 10. Сопругата на Сунак, Акшата Мурти изјави дека Лери и Нова имале „жестоки тепачки“ во домот.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер неодамна изјави дека неговото семејство има мачка и хрчак. Сепак, кој ќе се пресели на „Даунинг стрит“, бр. 10 - допрва ќе се види.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан