• среда, 26 февруари 2025

Мачките благотворни за човековото здравје

Мачките благотворни за човековото здравје

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Се верува дека, како миленичиња, им носат среќа на своите сопственици, но и според многу истражувања, мачките позитивно и благотворно влијаат и на емоциите и на стресот.

Важат за тивки миленичиња коишто всушност го подобруваат здравјето на нивните сопственици. Говорејќи за стресот, мачката го намалува преку - гушкањето... Таквиот начин на галење со миленичето, се вели, ослободува хормони на среќа коишто го намалуваат стресот. Дополнително, луѓето кои чуваат мачка имаат понизок крвен притисок и помала опасност од кардиоваскуларни болести, пишува порталот „Кликс“.

Тука се наведува и предењето коешто емитува фреквенција од 25 - 150 херци и, исто така, има терапевтски ефект врз здравјето на човекот, според „Кетс лав ас“ (Cats Luv Us). Овие фреквенции се сметаат за лековити бидејќи ублажуваат болки и ја стимулираат регенерацијата на коските.

Мачките имаат важна улога и во намалувањето на чувството на осаменост. Луѓето со маче како домашно милениче честопати имаат подобра емоционална состојба бидејќи животното благотворно влијае на анксиозноста и депресијата. За крај, се истакнува оти мачките создаваат емотивна врска, корисна за менталното здравје, а тоа ги прави совршени миленици за современиот начин на живот.  си/рп/

Фото: Фрипик

Остани поврзан