Матиќ: Сакам титула со Јунајтед
- Фудбалерот на српската репрезентација има големи очекувања од следната сезона, која започнува на 12 септември.
Манчестер, 1 август 2020 (МИА) - Немања Матиќ, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, ужива во заслужениот одмор со семејството, каде што на 1 август дувна 32 свеќи и посака титулата со „црвените ѓаволи“.
Фудбалерот на српската репрезентација има големи очекувања од следната сезона, која започнува на 12 септември.
- Лично, би сакал да ја освојам титулата со Јунајтед. Мислам дека таков клуб секогаш мора да се бори за шампионскиот трофеј, истакна Немања во разговор за магазинот „Inside United“.
Тој се осврна и на успехот на најголемиот ривал - Ливерпул, кој ја освои титулата по 30 години. „Црвените“ се искачија и на врвот на Европа минатата година.
- Секогаш треба да дадеме се од себе за Јунајтед, што е она што го правиме во моментот. Не смееме да дозволиме еден клуб да ја освои Премиер лигата седум или 10 натпревари пред крајот на сезоната. Мора да се бориме до крај, посочи Матиќ.
https://www.instagram.com/p/CDUqroolC1t/?utm_source=ig_web_copy_link