• понеделник, 16 декември 2024

Матип стави крај на кариерата

Матип стави крај на кариерата

 

Ливерпул, 12 октомври 2024 година (МИА) – Доскорешниот фудбалер на Ливерпул, Жоел Матип, денеска објави крај на својата кариера на 33-годишна возраст.

Информацијата за пензионирањето на Матип ја пренесе Ливерпул преку клупската веб-страница.

Матип летово го напушти англискиот клуб за кој одигра 201 натпревари и постигна 11 голови.

Со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите (2019), Премиер лигата (2020), Суперкупот на Европа (2019), ФА Купот (2022), Лига купот (2022) и Комјунити Шилд (2022).

Камерунскиот дефанзивец пред да дојде во Ливерпул настапуваше за Шалке за кој одигра 258 натпревари и постигна 23 голови, а го освои германскиот Куп и Суперкуп.

Матип за репрезентацијата на Камерун одигра 27 натпревари и постигна еден гол, а за својата земја настапи на светските првенства во 2010 и 2014 година. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан