• понеделник, 23 декември 2024

Матип става крај на кариерата

Матип става крај на кариерата

Ливерпул, 11 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и Шалке 04, Жоел Матип одлучи да стави крај на кариерата. 

Централниот дефанзивец допрва треба да даде официјална изјава, но според германски „Рур Нахрихтен“, Шалке 04 му пристапиле со идеја да се врати во тимот од Гелзенкирхен. Сепак, Матип соопштил пред клупското раководство дека решил да стави крај на кариерата иако има само 33 години.

Поранешниот камерунски репрезентативец го напушти Ливерпул летото откако му истече договорот со „црвените“. Тој помина осум сезони на „Енфилд“, забележа 201 настап, постигна 11 гола и освои седум почести, вклучувајќи ги и трофеите во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Тој беше поврзуван со Бурнемаут и Саутемптон, како и со Баер Леверкузен, но така и не најде нов тим пред почетокот на сезоната. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан