• понеделник, 23 декември 2024

Матарела се согласи за втор претседателски мандат

Матарела се согласи за втор претседателски мандат
Рим, 29 јануари 2022 (МИА) - Италијанскиот претседател Серџо Матарела се согласи да биде на функција во втор претседателски мандат откако коалициските партии побараа од него да ја преиспита својата одлука да се повлече. „Подготвеноста на претседателот Серџо Матарела да одработи втор мандат, побаран од огромното мнозинство политички партии, го покажува неговото чувство за одговорност и посветеност кон земјата и нејзините институции“, нагласи министерката Маријастела Гелмини. Матарела (80) првично ја отфрли можноста да остане на функцијата, но бидејќи е загрозена политичката стабилност на земјата, се сметаше дека е малку веројатно да се спротивстави на притисокот да остане. Водачот на Демократската партија (ПД), Енрико Лета, кој се залагаше за реизбор на Матарела, разговараше со новинарите за да изрази „огромна благодарност до претседателот Матарела за неговата великодушна одлука“. Самиот претседател се уште не коментирал. зш/

Остани поврзан