• понеделник, 23 декември 2024

Мастер клас за културното наследство на Крива Паланка и семинар во рамки на 19 Меѓународен фолкорен фестивал

Мастер клас за културното наследство на Крива Паланка и семинар во рамки на 19 Меѓународен фолкорен фестивал

Крива Паланка, 21 август 2024 (МИА) - За културното наследство на Крива Паланка и кривопаланечко денеска беше одржан првиот мастер клас во рамки на 19 Меѓународен фолкорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски", насловен „На Јаким". Предавач на мастер класот беше етнокореологот Бојан Петковски.

-Вредни информации за облековната култура и разликите од Западниот и Источниот дел на Славиште, за посебните карактеристики на етничкиот предел Дурачка Река, за традицијата на народната носија како една од  највредните елементи на припадност беа претставени на мастер класот пред бројната публика во кино салата на НУ Центар за култура. По завршувањето на предавањето беше прикажана филмувана реконструкција „Не плети Лесо", посветена на обичајната култура на Дурачка Река, така што со денешниот настан и планираниот семинар утре, е збогатен целокупниот програмски концепт на годинашното издание на меѓународниот фестивал, 19 по ред, информираат организаторите на програмата на манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата".

Во рамки на 19 Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски", утре ќе се одржи семинар на тема „Традиционалната култура од кривопаланечко" со предавачите, професорите Зоранчо Малинов, Родна Величковска и Стојанче Костов.ид/бт/

 

Остани поврзан