• сабота, 16 ноември 2024

Масивен украински напад со дронови врз Москва, пресретнати и уништени над 20

Масивен украински напад со дронови врз Москва, пресретнати и уништени над 20

Москва, 10 ноември 2024 (МИА) – Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала кон Москва, што е досега најголемиот украински напад со беспилотни летала врз руската престолнина.

Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во рускиот главен град.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 22 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во московскиот регион, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.

„Во тек е масовен напад“, рече тој.

Во московскиот регион живеат повеќе од 21 милион жители.

-Според првичните информации, нема штета или жртви на местата каде паднале остатоците, рече Собјанин на каналот Телеграм. „Итната помош се на местото на настанот“, додаде тој.

Русите тврдат дека уништиле поголем дел од беспилотните летала

Областа Раменское, 45 километри југоисточно од Кремљ, последен пат беше цел на најголемиот украински напад врз руската престолнина во септември, кога руската противвоздушна одбрана уништи 20 дронови.

Руската федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“, на каналот Телеграм објави дека „заради безбедност на летовите на цивилните авиони, наметнати се привремени ограничувања на работата на аеродромите Домодедово и Жуково“.

Украински беспилотни летала во текот на ноќта запалиле неколку нестанбени згради во руските региони Калуга и Брјанск, соопштија утринава регионалните гувернери.

Министерството за одбрана соопшти дека единиците за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 23 украински беспилотни летала, од кои 17 над Брјанск.

Владислав Шапша, гувернер на регионот Калуга, кој се граничи со московскиот регион на североисток, изјави дека една нестанбена зграда во регионот била запалена како резултат на напад на украинско беспилотно летало.

Киев вели дека неговите напади со беспилотни летала на руска територија се насочени кон инфраструктура клучна за воените напори на Москва и се одговор на континуираниот руски напад на украинска територија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан