Мартинез се искачи на осмото место на листата на најдобри стрелци во историјата на Интер
- Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез се искачи на осмото место на листата на најдобри стрелци во историјата на клубот.

Милано, 29 јануари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез се искачи на осмото место на листата на најдобри стрелци во историјата на клубот.
Голот на вчерашниот натпревар од 22. коло на Италијанското првенство 2023/24 против Фиорентина (1:0) беше 124-ти за 26-годишниот Аргентинец за тимот.
Мартинез го престигна Кристијан Виери (123) и се изедначи со Мауро Икарди (124), со кого сега го дели осмото место.
Најдобар стрелец во историјата на Интер е Џузепе Меаца (287).
Лаутаро Мартинез игра за Интер од јули 2018 година. Натпреварот со Фиорентина беше негов 265. во дресот на „Нероазурите“. зс/
Фото: ЕПА