• понеделник, 16 декември 2024

Марсијал сака да остане во Манчестер јунајтед

Марсијал сака да остане во Манчестер јунајтед

Манчестер, 10 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал, сака да остане до лето во клубот и не е заинтересиран да го напушти „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок.

Како што денеска објави телевизијата Скај, Марсијал одбил понуди од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија, бидејќи ќе настојува да избори место во првиот тим на Ерик тен Хаг.

Британските медиуми наведуваат дека раководството на Јунјатед разговарало со Марсијал и неговиот менаџер, и малку е веројатно дека ќе биде активирана клаузулата за продолжување на соработката за уште една година.

Договорот на 28-годишниот француски фудбалер истекува на 30 јуни. ег/

Фото: Икс

Остани поврзан