• недела, 28 јули 2024

Марсијал би можел да ја продолжи кариерата во Севилја или Валенсија

Марсијал би можел да ја продолжи кариерата во Севилја или Валенсија
Манчестер, 3 октомври 2022 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија. Дваесет и шестгодишниот Французин е интересен за Севилја и Валенсија, објави „Мундо Депортиво“. За потсетување, Антони Марсијал вториот дел од сезоната 2021/2022 го помина на позајмица во Севилја Сега клубот од Андалузија е подготвен да му понуди постојан договор на францускиот напаѓач. Марсијал оваа сезона одигра два натпревара во Премиер лигата за Манчестер јунајтед, постигнувајќи два гола и една асистенција. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на 26-годишниот играч на 16 милиони евра. зс/

Остани поврзан