• вторник, 24 декември 2024

Мароко одбива хуманитарна помош од ОН, Франција и Алжир

Мароко одбива хуманитарна помош од ОН, Франција и Алжир

Рабат, 13 септември 2023 (МИА) - Понудите за хуманитарна помош за Мароко станаа контроверзно прашање - Рабат досега прифаќаше помош од Шпанија, Обединетото Кралство, Катар и Обединетите Арапски Емирати, но ја отфрли онаа на Обединетите нации, соседен Алжир, со која кралството ги прекина дипломатските односи, и Франција, со која веќе неколку месеци односите се заладени.

Мароканската влада соопшти дека досега прифаќала помош од „пријателските земји“ по „темелна проценка на потребите и со свесност дека некоординираната помош би била контрапродуктивна“.

Не објасни зошто ОН  беше принудена да чека конкретен одговор како што поминуваа деновите и се намалуваа шансите да се најдат преживеани.

ОН не добиле официјално барање за помош од мароканската влада, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на генералниот секретар Стефан Дужарик.

„Суверена одлука на секоја земја е да одлучи како да продолжи со помошта во зависност од сопствениот капацитет“, рече Дужарик, на прашањето дали ова претпочитање за помош од некои земји во однос на другите е „политичка, а не практична“ одлука.

Во меѓувреме, алжирското Министерство за надворешни работи вчера објави дека Мароко ја одбил нивнта понуда за хуманитарна помош. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан