• петок, 05 декември 2025

Мароко и САД последни четвртфиналисти на СП за фудбалери до 20 години

Мароко и САД последни четвртфиналисти на СП за фудбалери до 20 години

Сантијаго, 10.октомври 2025 (МИА) – Репрезентациите на Мароко и на САД како последни успеаја да се пласираат на Светското првенство за фудбалери до 20 години. Во последните два осминафинални дуела Мароко ја совлада Јужна Кореја со 2:1, додека САД славеше убедлива победа над Италија од 3:0

Според „костурот“ двојките во четвртфиналето се: Шпанија – Колумбија, Мексико – Аргентина, САД – Мароко и Норвешка – Франција.

Полуфиналните дуели се играат на 15.октомври, додека финалето на програмата е на 20.октомври во 01 часот по полноќ по македонско време.  мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан