• вторник, 03 декември 2024

Марк Волберг по „строгата диета“ за новиот филм

Марк Волберг по „строгата диета“ за новиот филм
Лос Анџелес, 13 април 2022 (МИА) - Американскиот глумец Марк Волберг се ставил на посебна диета заради филмот „Отец Стју“ (Father Stu). Но, всушност, тука се работи за зголемување на килограмите, кое „не било воопшто лесно“, вели глумецот. За филмот, 50-годишниот актер се здебелил најмалку 14 килограми за шест недели. Преобразбата му требала за улогата на Стјуарт Лонг - боксер кој се откажа од спортот по повреда, па си ја проба среќата во Холивуд, и на крај стана свештеник. - Почнав со 7.000 калории првите две недели, па 11.000 калории следните четири недели. Ништо од ова не беше забавно, освен првиот оброк, кој беше неверојатен бидејќи никогаш не сум јадел толку многу. Но потоа, иако си сит, мора повторно да јадеш... А, на моја возраст тоа не е здраво - да се обидувам да накачам толку многу килограми за така кратко време, раскажува Волберг за „ЕТ“. Но, тој не се откажал од утринскиот тренинг. Напротив, тоа му помогнало да биде доволно гладен за да ја консумира вистинската количина калории. - Морав да си го отворам апетитот, па се обидов да се оптоварувам колку што можам, за да огладнам, вели тој. Како и неговата физичка преобразба, и снимањето на филмот било вистински предизвик. - Но, не губам надеж и продолжувам со напорите додека не го снимиме филмот. А, секако дека бев многу задоволен од резултатите, заклучи тој. Филмот деновиве ги има своите први прикажувања, а првичната оценка на ИМДБ е 8,1 / 10.  си/сд/

Остани поврзан