• недела, 24 ноември 2024

Марков: Загубата на крстосувачот „Москва“ е неуспех на руската армија

Марков: Загубата на крстосувачот „Москва“ е неуспех на руската армија
Москва, 18 април 2022 (МИА) - Сергеј Марков, политички коментатор од Москва и поранешен близок советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави за Би-Би-Си дека рускиот крстосувач „Москва“ потонал откако беше погоден од проектил што НАТО и го достави на Украина во јануари. Тој вели дека загубата на бродот е неуспех на руската армија. „Ова се случува затоа што Русија не се бори само против Украина, туку и против коалицијата на големите сили“, рече Марков. Руското Министерство за одбрана и натаму тврди дека штетата на бродот е предизвикана од несреќа. Украинската влада и Западот тврдат дека бродот бил погоден од неколку украински проектили. паг/

Остани поврзан