• среда, 25 декември 2024

Марковски, Христовска и Ќушкоски лауреати на наградата „Скрипт фест 2022“

Марковски, Христовска и Ќушкоски лауреати на наградата „Скрипт фест 2022“
Скопје, 29 април 2022 (МИА) - Стефан Марковски, Оливера Христовска и Анастас Ќушкоски се лауреати на наградата за најдобри сценарија „Скрипт фест 2022“. На Конкурсот за филмски сценарија, што го распиша Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“, свои сценарија испратија авторите Тихомир Диковски, Владо Јаневски, Теа Павлова, Леонид Велковски, Игор Поп Трајков, Моника Рујаноска, Христијан Крстевски,  Анастас Ќушкоски, Андриана Ангелова, Оливера Христовска, Иво Митев – Жиле, Лука Јованоски, Андреј Ристиќ, Стефан Марковски, Кирил Максимоски, Изабела Јакимова, Зоран Митровиќ, Ангела Бошкоска и Катерина Николовска. 

Годинава селектор на сценаријата беше проф.м-р Гоце Ристовски, универзитетски професор и декан на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје, кој ги избра авторите на најдобрите сценарија.

Фестивалот на филмските сценарија ќе се одржи на 16 мај во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, а признанијата „Скрипт фест 2022“ ќе ги врачи селекторот Гоце Ристовски.  

Годинашни организатори на фестивалот „Скрипт фест“ се Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент – Скопје и Домот на културата Кочо Рацин – Скопје. бт/бак/

 

Остани поврзан