• вторник, 24 декември 2024

Марковски триумфираше во двојки на фјучрсот во Србија

Марковски триумфираше во двојки на фјучрсот во Србија

Куршумлијска Бања, 22 јуни 2024 (МИА) - Македонско-српската комбинација Обрад Марковски Стефан Латиновиќ го освои фјучрс турнирот М15 Куршумлијска Бања. Тие во финалето во конкуренција на двојки ги совладаа четвртите носители Јан Храздил и Вацлав Шафранек со 2:1 во сетови (1:6, 7:6(4) и 10:7). Мечот траеше 1 час и 32 минути. 

Ова воедно за Марковски е прв трофеј во сениорска конкуренција.

Марковски и Латиновиќ станаа „специјалисти за сетот на поени“ откако претходно во првото коло со 2:1 во сетови ги совладаа првите носители со 10:6 на поени во решевачкиот сет, а потоа во четвртфиналето истотака на поени со 10:8 ги победија шпанските тенисери Мстре – Нахаро.

Марковски со оваа победа се приклучи на македонските тенисери кои имаат триумф на турнир во конкуренција на двојки како: Александар Китинов, Зоран Шевченко (сателит турнири), Лазар Магдинчев, Предраг Русевски, Димитар Грабул, Томислав Јотовски, Калин Ивановски, Горазд Србљак и Илија Мартиноски. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан