• сабота, 23 ноември 2024

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата - после тоа

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата - после тоа
Херез, 26 јули 2020 (МИА) - Осумкратниот светски шампион во мотоциклизам, Марк Маркез ја откри причината зошто ги напушти квалификациите вчера пред трката во Херез. Возачот на Репсол Хонда, како што е познато, минатата недела претрпе скршеница на надлактицата, беше опериран само два дена подоцна, а во четвртокот доби дозвола да биде на патеката овој викенд. Ги пропушти првите тренинзи, возеше само во саботата, а во квалификациите се повлече во боксот по само еден круг. Потоа, тој реши да не започне во втората трка во сезоната, што изненади многумина. - Го следев мојот инстинкт, сакав да го разберам моето тело и да бидам искрен со себе и со другите. Тоа е она што го направив. Во понеделник би рекол дека е невозможно да се вози, но после операцијата бев во ред, можев да направам неколку склекови, да облечам комбинезон и да седнам на мотор. Разговарав со луѓето од тимот, тие мислеа поинаку. Тие сакаа да ме сочуваат, но се согласивме да се обидам и да бидам искрен, рече Маркез. Тој му се заблагодари на д-р Чарте за сè што направил, но смета дека ова е најдобрата одлука. - Раката ми беше доста отечена, губев сила во аглите каде што не очекував. Се вратив во боксот, му кажав на тимот што се случува и реков дека ако би било исто во првиот дел од квалификациите или нешто слично - јас ќе се откажам. Не го очекував тоа, затоа што ако дојдам овде, тоа ќе бидам за да возам, но благодарение на Хонда и докторите што ми дадоа можност. Ќе спијам мирно, се обидов, но не успеав, додаде Маркез. Тој рече дека сака да се подготви за трката во Брно, Чешка. - Мојата главна цел е да се опоравам што е можно поскоро и да се обидам да возам. Знам дека нема да бидам во Брно на 100 проценти и којзнае дали на „Ред Бул ринг“. Втората цел е титулата, има уште многу трки, ова е трка и се може да се случи. Јас сум тука затоа што не се откажувам и никогаш нема да го сторам тоа, ако имам шанса, додаде тој.

Тагови

Остани поврзан