• петок, 05 декември 2025

„Маркард  Македонија“ одбележа 10 годишен јубилеј успешна работа

„Маркард  Македонија“ одбележа 10 годишен јубилеј успешна работа

Велес,30 мај 2025 (МИА) – „Маркард Македонија“ започна со работа во 2015 година и е една од водечките компании во земјава, која претставува „ветер во грб“ за македонското стопанство со над 700 вработени и со повеќе од десетпати зголемено производство и извоз споредено со пред десет години. Компанијата е во постојан пораст на усовршување и има одлична соработка со заедницата, факултетите и средните училишта, каде преку дуалните паралелки и поддршка од Министерството за економија, Образование и Владата успешно се изведува практичната настава за учениците од Државното средно училиште за регионот „Коле Неделковски “ од Велес, посочи денеска заменик министерот за економија Марјан Ристески во неговото обраќање по повод јубилејот на „Маркард Македонија“.

Вели се работи за една од најуспешните компании во државата која претставува вистински пример за квалитет и иновативност.

– „Маркард Македонија“ е една од најуспешните компании во нашата држава. Компанија која е вистински пример за квалитет, иновативност и напредок. Команијата која е бренд и вистински амбасадор за производните капацитети во Македонија каде се произведуваат автомобилски системи и делови за светски познати автомобилски брендови како „Мерцедес“ „Ауди“, „BMW“, „Порше“ „Јагуар“ „Рено“ „Сканиа“ и многу други. Вие сте наш голем економски партнер кој вработува повеќе од 700 лица и сте и вистински пример за партнер и општествено одговорна компанија, потенцираше Ристески.

Потсети дека „Маркард Македонија“ преку дуалното образование им овозможи практична работа и можност да ги развиваат нивните знаења и вештини преку врвна опрема и со светски технологии.

– Владата и Министерството за економија се партнер на компаниите и бизнисот. Остануваме посветени за подобрување на бизнис климата во нашата држава. Ви посакувам многу нови инвестиции и отворање на нови работни места, порача Ристески.

Генералниот директор на „Маркард Македонија“ Јирген Шмит, пак, во своето обраќање поздравувајќи ги присутните потенцираше дека ова не е само годишнина на една компанија, туку славење на луѓето на мисијата и напредокот, за што, рече, е многу важно за целата нивна групација, бидејќи Компанијата глобално годинава одбележува јубилеј 100 години постоење и успешна работа.

Потсети дека во 1925 година во Рикхајм Валхајм во Германија „Маркард“ прерасна во светски лидер во областа на мехатронските системи.

– Еден век подоцна истите вредности,иновацијата, доверливоста и растот насочен кон човекот остануваат во сржта на се“ што правиме со цврста верба во иднината.Пред точно 10 година тука ја поставивме основата. Во декември 2013 беше основана „Маркард Македонија“,изградбата на нашата фабрика започна во средината на 2024 година,а до крајот на 2015 година веќе бевме целосно оперативни, подготвени да испорачаме извонредност на глобалниот пазар, рече Шмит.

Истакна дека „Маркард Македонија“ има започнато со работа со 150 вработени, додека денеска Компанијата брои над 700 вработени кои работат во 14 илјади метри производствени погони опремени со најсовремени технологии за електроника, обликување и финално склопување. Од речиси 14 милиони евра во 2016 година, минатата година Компанијата достигнала 143 милиони евра, односно повеќе од десеткратно зголемување за помалку од една деценија.

Со особена чест, вели, во 2021 година ја примиле плакетата „9 Ноември“, која претставува највисоко признание на Општина Велес. 

Истакна дека „Маркард Македонија“ го започна дуалното образование во Македонија пред речиси девет години како пионер во оваа област, нагласувајќи ја соработката со државното средно училиште „Коле Неделковски“ од Велес, каде на учениците им е овозможено теоретската да ја преточат во практична настава. Воедно, вели, по завршување на школувањето им се нуди можност за вработување, додека, како што рече, некои од учениците веќе се вработени во нивната успешна компанија.

Нагласи дека „Маркард Македонија“ активно инвестира во младите, кои рече се иднината на земјата. Компанијата рече дека ги поддржува училиштата и универзитетите, како и учествува на саеми за вработување и организира Отворени денови и практикански програми за да ја поттикнат следната генерација.

Шмит информираше дека нивниот фотоволтаичен систем брои близу 1800 панели и се очекува да произведува над 1,1 милион-киловат часови годишно, со што животната средина ќе се заштити од околу 500 тони јаглерод диоксид годишно. Најави дека ќе продолжат да инвестираат во технологијата,во луѓето и партнерствата.

На свеченоста се обрати и директорката на АХК на С.Македонија Антје Ванделт која искажа задоволство од присуството на свеченоста да прослават голем јубилеј за „Маркард Македонија“

– Таа е компанија која стана вистински пример за успех и сега е составен суштински дел од индустрискиот пејсаж на земјата. Како германски инвеститор и еден од најголемите извозници во Р.С.Македонија, „ Маркард“ има клучна улога во зајкнување на локалната економија и значително придонесува кон позитивиот трговски баланс на земјата со Германија.Тое не е мало достигнување особено на тоа дека Германија е број 1 трговски партнер на Р.С.Македонија ,потенцира Ванделт.

Таа потенцира дека важноста на „Маркард“ се протега многу повеќе над овие импресивни бројки и претставува компанија што е длабоко  интегрирана во локалната заедница, која ужива почит, соверба и активен ангажман.Таа претставува марка за квалитет,направено во Германија.Воедно  германските стандарди се вклучени во секој детал од нејзиното секојдневно работење во инженерството,управувањето,производството и корпоративната култура.

Потоа присутните и гостите имаа можност да се запознаат со производствените погони на  „Маркард Македонија“.

Свеченоста беше збогатена со класична музика од групата девојки „Тринити Стрингс“. ад/ра

Фото: МИА

 

Остани поврзан