• недела, 17 ноември 2024

Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството

Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството
Скопје, 21 септември 2021 (МИА) - ЕУ перспективите на земјата и чекорите кои се преземаат во правосудството со цел зацврстување на правната држава беа теми на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела. Маричиќ, како што соопшти Министерство за правда, на гостинката Матуела и ги претстави новите закони кои долго време се работеа во ресорното министерство, а се во насока на реформа во правосудството. На средбата дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ интеграциите, Маричиќ кажа дека отворањето на преговорите ќе даде нов силен и позитивен импулс во општеството и додаде дека европските интеграции се високо на агендата на Владата. Маричиќ и Матуела разговарале и за пописот кој во земјава се спроведува по речиси 20 години. Министерот за правда ја информираше Матуела дека теренското пребројување се одвива во најдобар ред и дека се очекува успешно да заврши. Досега се попишани над 1.100.000 граѓани. мд/са/

Остани поврзан