• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: Светот изгуби државничко и лидерско височество од нашата современост

Маричиќ: Светот изгуби државничко и лидерско височество од нашата современост
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - Тагата која вечерва го обви Обединетото Кралство силно ја чувствуваме и ние во Северна Македонија, но и целиот свет, објави вицепремиерот Бојан Маричиќ по повод смртта на кралицата Елизабета Втора.
-Светот изгуби државничко и лидерско височество од нашата современост. А, сите ние, низ оваа тага ќе си потврдиме дека делата на кралицата Елизабета II се вечен пример кој треба да нѐ инспирира за иднината. Нека почива во мир. Нека инспирира вечно, напиша Маричиќ на својата Фејсбук страница. нд/

Остани поврзан