• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ: Проактивностa во дијалогот со Бугарија може да даде резултат

Маричиќ: Проактивностa во дијалогот со Бугарија може да даде резултат
Скопје, 5 јуни 2022 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, денеска беше дел од партиската делегација на СДСМ, составена од заменик претседателката Сања Лукаревска и генералниот секретар Миле Зечевиќ, која се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска.

-Имаме добра основа за дебатирање за отворените прашања со Бугарија. Двете страни имаме добра волја за постигнување резултат.  Тоа е доволна причина да веруваме дека проактивноста во дијалогот може да даде успех и договор, кој во суштина ќе значи дека интересите на двете страни се обезбедени и заштитени, стои во статусот на Фејсбук на вицепремиерот Маричиќ.

На состанокот во фокус на разговорот беа односите помеѓу двете земји, процесот на европска интеграција, како и за состојбата во целиот регионот, со акцент на важноста за напредок на нашиот евроинтеграциски процес, кој е важен и за Бугарија поради новиот геополитички момент кој што се случува во Европа.

-Искрени и взаеми мора да се заложбите за добрососедство и пријателство, бидејќи нашите добрососедски односи се во интерес на двете земји но и на целиот регион, вели Маричиќ додавајќи дека пред нив е уште работа, конструктивни разговори за добивање фер, и европско решение, достоинствено за двата народи и за заштита на македонските национални интереси. дма/сст/

Остани поврзан