Маричиќ: Делото на Кирил и Методиј засекогаш ќе остане дел од богатата македонска и сесловенска историја
- Министерот за правда Бојан Маричиќ, по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј испрати честитка до граѓаните.
![Маричиќ: Делото на Кирил и Методиј засекогаш ќе остане дел од богатата македонска и сесловенска историја](https://mia.mk/index.php/images/20221107112133_big_730x400_88.webp )
Скопје, 24 мај 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ, по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј испрати честитка до граѓаните.
-Секоја година на 24 Мај го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, браќата кои се најзаслужни за описменувањето и ширењето на христијанството меѓу словенските народи.
Нивното дело, со кои им се овозможи на словенските народи да бидат дел од развиена Европа, беше препознаено и од Ватикан, а Светите браќа се прогласени за заштитници на Европа. Нивната работа резултираше со создавањето на првата азбука – глаголицата, што е основ, подоцна нивниот следбеник Свети Климент Охридски да ја создаде кирилицата, која пак е темелот за стандардизацијата на македонскиот јазик, истакнува Маричиќ во честитката.
Делото на Светите браќа Кирил и Методиј никогаш нема да биде заборавено и засекогаш ќе остане дел од богатата македонска и сесловенска историја. Нека е честит и вечен 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, напиша Маричиќ. бк/