• вторник, 31 декември 2024

Маричиќ: Девет милиони евра од ЕУ во Росоман за развој на економијата и за чиста животна средина

Маричиќ: Девет милиони евра од ЕУ во Росоман за развој на економијата и за чиста животна средина
Скопје, 5 ноември 2022 (МИА) - Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на неговиот официјален фејсбук профил објави дека Општина Росман ќе добие девет милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина. -Со изградбата на фабрика за третман на животинските нуспроизводи се воведува функционален и затворен систем за нештетен и безбеден третман и еколошко отстранување на отпадот од животинско потекло. Функционирањето на фабриката е во согласност со ЕУ и националното законодавство и е пример за инвестиција во циркуларна економија, која во Општина Росоман отвора нови работни места и директно влијание на заштитата на животната средина, конкретно почвата и водите, стои на фејсбук стстусот на Маричиќ кој денеска се сретна со градоначалникот на Росоман, Стојан Николов. Вицепремиерот за евроинтеграции воедно посочува дека во процесот на пристапни прегеговори локалните самоуправи ќе имаат посебна улога. -Општините се местата каде граѓаните можат да ги видат првите резултати од преговорите, затоа искористувањето на европските средства за реализација на проекти од корист на локалните заедници и нивните граѓани, мора да продолжи, подвлекува вицепремиерот Маричиќ. вг/

Остани поврзан