• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде власт, а кој опозиција во Собранието

Маричиќ: Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде власт, а кој опозиција во Собранието

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ.

Маричиќ во изјава за медиумите дадена по одбележувањето на 121 година од смртта на Гоце Делчев, рече дека очекува на 8 мај партијата да има подобри резултати од првиот круг на изборите. 

- СДСМ е силна партија, партија која има постапки, процедури, демократски капацитет и потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира и причините за изборните резултати, но и последиците по државата и по партијата. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека како партија ќе бидеме бедем кој ќе ги брани слободата, демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на евроапските интеграции, сето она што ВМРО-ДПМНЕ, знам, дека планираат да го загрозат, рече Маричиќ.

Прашан колку пратенички места очекуваат да имаат во Собранието, Маричиќ рече дека за тоа ќе одлучат граѓаните.  

За СДСМ рече дека е една од ретките партии, можеби и единствена, во која има токму многу демократски механизми. Ние сме автентична партија, рече Маричиќ, не сме дериват на ниту една друга политичка партија ниту, пак, сме создадени да ѝ помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, како што е случајот со ЗНАМ и Максим Димитриевски.

- Сигурен сум дека сме една од ретките партии, ако не и единствена, која има толку демократски механизми внатре во партијата и за дискусија и за отчетен конгрес и за директен избор на претседател, што сето тоа ќе придонесе да зајакне партијата, да ги збиеме редовите и да излеземе уште посилни од оваа ситуација. Она што за мене е многу важно,а мислам и за сите, како што и кажува слоганот дека нема откажување од иднината, СДСМ да не се откаже од својата идеологија, своите политики и вредности, рече Маричиќ. бд/бак/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан