Маричиќ - Гир: Препознавањето на напредокот во реформите силна мотивација за побрза синхронизација со ЕУ стандардите
- Вицепремиерот задолежен за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот фејсбук профил објави дека од големо значење е поддршката која земјата ја добива од ЕУ во процесот на планирање и имплеме

Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Вицепремиерот задолежен за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот фејсбук профил објави дека од големо значење е поддршката која земјата ја добива од Европската унија во процесот на планирање и имплементација на проектите поддржани од европските фондови.

-Со евроамбасадорот Дејвид Гир и неговиот заменик, Џулијан Васало, на денешната средба го потврдивме препознавањето на напредокот во реформите од страна на Унијата што за нас е силна мотивација за да се продолжи со фокусирана посветеност на спроведувањето на препораките на Унијата.
Следува период на интензивирање на работата на секторските работни групи во рамки на ИПА 2 фондовите, со максимален фокус на реализација на стратешкото планирање и цели на Владата, кои се поврзани со стратегијата за проширување, со цел побрза синхронизација со стандардите на ЕУ, наведува во објавата Маричиќ. вг/лв/