• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ: Вмрежувањето со врсниците дава дополнителна мотивација за европеизација

Маричиќ: Вмрежувањето со врсниците дава дополнителна мотивација за европеизација

Скопје, 17 април 2024 

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го посети училиштето, односно здружението за мултиетничко музичко образование „Рома рок скул“ – Скопје кои го спроведуваат проектот „Музиката поврзува: Рок-музиката поттикнува инклузија низ Европа“.

На средбата Вицепремиерот Маричиќ се запозна со работата на училиштето кое е корисник на програмата „Креативна Европа“ претставена од претседателот на здружението Алвин Селимовски.

Важноста на овој проект е значењето на спроведувањето на програмата на Европската Унија наменената за поддршка на културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор. Проектот во рамки на програмата „Креативна Европа“ е дизајнирана да обезбеди полесен пристап до финансирање, зајакнување на конкурентноста на европскиот креативен и аудиовизуелен сектор, поддршка на мобилност за уметниците и професионалците.

По средбата Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на проектите на Европската унија со посебно внимание на поддршката на музичкиот сектор и музичката индустрија.

-Активностите на Рома Рок Скул го зајакнуваат младинскиот талент, се поттикнува инклузијата и развојот на младите и се реализира културна размена и соработка, користејќи ја рок музиката како заеднички јазик за премостување на историските и политичките јазови - рече Маричиќ.

Проектот е поддржан со 1 милион евра средства од ЕУ, додека пак активностите на македонскиот партнер се кофинансирани и од страна на Владата, преку Министерството за култура со средства од скоро 750 илјади денари.

-Нашата цел е да ги охрабриме младите да ги користат овие можности, да се стекнуваат со образование и знаење. Вмрежувањето со врсниците, поврзувањето и разменувањето на знаењето даваат дополнителна мотивација за европеизација, со бројни придобивки за сите млади, амбициозни и перспективни талентирани уметници кај нас - изјави Маричиќ.

Претседателот на здружението Рома Рок Скул  Алвин Селимовски во продолжение изјави:

„Проектот „Музиката поврзува“ и Рома Рок Скул функционира од 2017г и работиме на една иста цел, а тоа е зближување на учениците од различни етникуми во еден мешан бенд, Се трудиме преку музиката и интерактивна настава да ги срушиме стереотипите и да ги зближиме младите.“

Посетата на училиштето беше организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања и обезбедени се потребни дозволи за објавување на фотографии на малолетни лица. 

Со почит,
Сектор за организациски работи и односи со јавност на СЕП 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СЕП 

 

Остани поврзан