• петок, 23 август 2024

Мареска за Стерлинг и Чилвел: Ако сакаат да играат повеќе, треба да си заминат, не е сурово, искрено е

Мареска за Стерлинг и Чилвел: Ако сакаат да играат повеќе, треба да си заминат, не е сурово, искрено е

Лондон, 22 август 2024 (МИА) - Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, одговори на прашање за иднината на играчот од средниот ред на тимот Рахим Стерлинг и дефанзивецот Бен Чилвел.

- Сега тренираат одделно. Имаме одличен состав и невозможно е да им дадеме минутажа на сите. Ако сакаат да играат повеќе, треба да си заминат. Ако не си заминат, имаат договор тука, тоа се играчи на Челзи. Не велам дека Стерлинг е лош играч, но претпочитам различен тип на крило. Ова е причината. Зборував приватно со Рахим ден пред натпреварот со Манчестер сити и јасно ја објаснив ситуацијата. Дали е ова сурово? Мислам дека не е така. Се трудам да бидам искрен. Што се однесува до Чилвел, реков дека е одлично момче, но ќе има тешко време поради неговата позиција. Ќе му биде тешко. Ако мислите дека е сурово, тоа зависи од вас. За мене ова не е сурово, туку едноставно искрено, изјави Марески за „AS“.

Во првото коло од новата сезона во Премиер лигата, Челзи загуби на домашен терен од Манчестер сити (0:2). 

Вечер од 21 часот лондонци ќе играат на домашен терен против швајцарскиот Сервет во првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан