• среда, 27 ноември 2024

Мараја Кери најави нова божиќна песна

Мараја Кери најави нова божиќна песна
Лос Анџелес, 3 ноември 2021 (МИА) - Авторката на вечниот хит „All I Want For Christmas Is You“ - Мараја Кери одлучи повторно да ги згрее своите обожаватели за претстојните празници, па следниот петок ќе објави нова божиќна песна. Синглот е насловен „Fall In Love with Christmas“ и е во соработка со Калед и Кирк Френклин. Ова го објави самата „кралица на Божиќ“ на својот интернет-простор покрај куса видеонајава со Кери светкав „Дедо Мраз“ костим. „Подготвени сте? Одиме!“, напиша таа под видеото на Инстаграм. Потсетуваме дека Мараја Кери е меѓу најпрофитабилните изведувачи на божиќни евергрини. Секоја година, таа додава до милион долари од авторски права и слични приходи на нејзината банкарска сметка, поради безвременскиот хит „All I Want For Christmas Is You“, којшто пејачката го напиша и го продуцираше. Од објавувањето, 1994 година, песнава ѝ донесе повеќе од 60 милиони долари приход.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан