МАН: Сашо Орданоски ја фрли Македонија во ризик и сомневање пред стратешкиот партнер САД
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 21 февруари 2025
Македонската асоцијација на новинари (МАН) го дели згрозувањето, шокот и гневот на јавноста во однос на изречените зборови на „новинарот“ Сашо Орданоски со експлицитен говор на омраза и навреди кон странски државници, што е повреда и на домашниот Кривичен законик, и на меѓународното право кое го штити угледот и честа на државниците од вакви напади, а особено штетно и опасно за Република Македонија, нејзиниот статус во меѓународните односи и во крајна линија на нејзината безбедност како членка на НАТО.
Сашо Орданоски во гостувањето како гостин во емсијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ, емитувана на ден 20.02.2025 година, во повеќе наврати за американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата политика е нацистичка, рекетарска, дека е неписмен, а на ист начин говореше и за потпретседателот Џеј Ди Венс, како и за шефот на Одделот за владина ефикансот Елон Маск.
Во 2008 година Македонија потпиша Договор за стратешко партнерство со САД, со кое презема и обврски помеѓу останатото да се грижи за угледот и честа како на Соединетите држави, така и на државниците кои таа држава ја предводат.
Во исто време, Македонија е членка на НАТО, во која членува и САД како партнер на Македонија и според демократската јавност, неформален лидер во таа организација.
Американските граѓани на избори одбраа државата да ја предводат претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, со политиката која гласачите ја поддржале.
Квалификувањето на Американскиот претседател и потпретседател како нацисти, неписмени, рекетари и слично е навреда и квалификација за целата американска држава.
Со ова јавно ширење на говор на омраза, навреди и уривање на чест и углед на Трамп, Венс, Маск и американската држава, Сашо Орданоски ја вовлече македонската држава и македонските државни интереси во проблем да се бранат од ваквиот говор на омраза пред домашната и меѓународна јавност со последици кои се исклучително сериозни.
Македонската држава пред се обвинителството кое е должно да се грижи за заштита на законот и државните интереси веднаш да реагира по јавно допрен глас и да отвори постапка за овој случај давајќи му врвен приоритет и итност пред да
почнат да стасуваат одговори и последици од прозваната страна во Вашингтон.
Говорот на омраза на Сашо Орданоски е посебно тежок, бидејќи се работи за човек кој засебе пишува дека бил член на невладини организации помагани од американски пари, како што е Транпарентност Македонија и други и често
настапува во јавноста, со што е сосема очекувано дека овој говор на омраза може да го повтори, а последиците од него да станат уште полоши.
Македонската асоцијација на новинари (МАН) овој протест против ваков, најопасен говор на омраза со висок ризик за последици по државата и нејзиниот статус, ќе го испрати освен до јавноста, и до Амбасадата на САД во Македонија, до Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, до кабинетот на потпретседарелот на САД Џеј Ди Венс, како и до кабинетот на Шефот на одделот за владина ефикасност Елон Маск.
Ивона Талевска, претседател на Македонската асоцијација на новинари (МАН)
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.